Делегација на УТМС, предводена од Ректорот Аце Миленковски, од 28.01.2015 ќе престојува во работна посета на Мадрид, Шпанија, во деновите на одржувањето на меѓународниот саем за туризам FITUR 2015. На FITUR 2015 се очекува да присуствуваат над 120.000 експерти од преку 165 земји и региони во светот. Како и неколку години наназад, во деновите на саемот, се одржуваат и некои од поважните настани и состаноци на Светската туристичка организација на Обединетите Нации (UNWTO) и на придружните членки, чиј член е и УТМС. На 28.01.2015-та UNWTO, на гала вечера, ќе ги додели годишните награди за најдобри иновации во туризмот во 2014-та година. Тоа е можност да се видат најновите трендови во светот на туризмот, да им се оддаде на признание на најкреативните, но и да се разменат мислења со некои од водечките луѓе во туристичката индустрија.
Инаку, покрај конкретните активности, претставниците на УТМС, во рамките на случувањата поврзани со UNWTO, како и на саемот за туризам во Мадрид, ќе остварат и повеќе неформални контакти и разговори со преставници на Светската туристичка организација, со придружните членки, иноватори во областа на туризмот, како и со други учесници и излагачи на Саемот за туризам FITUR.
https://ft.utms.edu.mk/vesti/526-utms-na-megjunaroden-saem-za-turizam-vo-madrid#sigProId687e9a95bf