Делегација на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје, предводена од Ректорот Проф. Д-р Аце Миленковски присуствуваше на меѓународниот Саем за туризам ИТБ Берлин кој се одржа од 04-08 март во Берлин, СР Германија.
Саемот за туризам во Берлин е најголем меѓународен Саем за Туризам во светот со преку 15 000 излагачи, учество на над 180 земји од целиот свет и со над 190 000 посетители.
Саемот го отвори Генералниот Секретар на Светската туристичка организација г-дин Талиб Рифаи во присуство на Министерот за надворешни работи на Германија г-дин Frank-Walter Steinmeier и претседателот на Монголија г-дин Tsakhiagiin Elbegdorj.
Официјален партнер на Саемот беше Монголија, која на свеченото отварање ги престави своите туристички потенцијали, традиционална храна и музика.
Во рамките на саемот, делегацијата на УТМС оствари голем број на работни средби со повеќе Универзитети во Германија, кои беа излагачи на саемот.
Во исто време Саемот беше извонредна можност да се согледаат современите трендови во туризмот како и иновациите во туристичката индустрија која секоја година преку презентации се реализираат на овој Саем.
https://ft.utms.edu.mk/vesti/487-utms-na-saem-za-turizam-vo-berlin#sigProIdc8214bde48