Магистерски студии
Туризам
Студиска програма – туризам на Економскиот факултет при Универзитетот Скопје е од клучно значење за креирање кадри кои ќе можат да одговорат на современите потреби на туристичкиот сектор, како на национално така и на глобално ниво.Туризмот претставува значајна гранка од глобалната економија, која континуирано бележи раст во последните децении. Според Светската туристичка организација (UNWTO), туризмот учествува со повеќе од 10% од глобалниот БДП и обезбедува милиони работни места ширум светот. Студиската програма за туризам е осмислена да обезбедимултидисциплинарен пристап кој ги опфаќа економските, културолошките, еколошките и менаџерските аспекти на туризмот. Преку студиската програма за туризам се нагласуваат следните аспекти: Планирање и развој на туризам; Одржлив туризам и еко-туризам; Примена на дигитални технологии во туризмот,, како и Менаџмент на туристички дестинации и хотелиерство. Структурата на студиската програма туризам е усогласена со современите европски стандарди за високо образование, што овозможува компаративна вредност на дипломиранитестуденти во меѓународен контекст.
На национално ниво, туризмот е препознаен како еден од двигателите на економскиот развој во Република Северна Македонија. Со богатото културно и природно наследство, земјата има потенцијал да го зголеми својот удел на туристичкиот пазар преку развој на: Рурален и алтернативен туризам; Културен и историски туризам; Гастрономски туризам. Меѓутоа, реализацијата на овие потенцијали бара стручно образован кадар кој поседува специфични компетенции и вештини. Студиската програма - туризам ќе обезбеди едукација на кадри кои ќе бидат способни да ги применат најдобрите европски и светски практики во локален контекст.
Студиската програма – туризам нуди значителни придобивки:
- Економски развој: Образовани кадри ќе можат да придонесат кон раст на туристичкиот сектор, зголемување на приходите од туризам и создавање нови работни места.
- Подобрување на квалитетот на услугите: Програмата ќе продуцира стручњаци кои ќе ја подобрат туристичката понуда преку менаџмент, маркетинг и одржлив развој на туристички дестинации.
- Одржлив развој: Преку изучување на предметите студентите ќе бидат оспособени за имплементација на еколошки одговорни практики во туризмот.
- Зголемување на меѓународната конкурентност: Студиската програма е дизајнирана да овозможи мобилност на студентите и професорите, како и да создаде кадри кои ќе бидат конкурентни на глобалниот пазар на труд.
Студиската програма – туризам е оправдана и неопходна како од национален, така и од глобален аспект. Програмата ќе одговори на зголемената побарувачка за стручни кадри во туристичкиот сектор и ќе придонесе кон економски и одржлив развој на општеството. Со нејзината усогласеност со европските и светските стандарди, оваа програма ќе создаде компетентни професионалци кои ќе придонесат кон развојот на туризмот во Северна Македонија и пошироко.
СТУДИСКА ПРОГРАМА: ТУРИЗАМ - втор циклус едногодишни студии (60 ЕКТС)
ЗВАЊЕ: МАГИСТЕР ПО ЕКОНОМИЈА, НАСОКА: ТУРИЗАМ
|
Реден број |
Код на предметот |
Назив на наставен предмет |
Семестар |
Неделен фонд на часови |
ЕКТС |
|
|
П |
В |
|||||
|
ПРВА ГОДИНА |
||||||
|
1. |
O511 |
Методологија на научно истражувачка работа |
Прв |
3 |
2 |
8 |
|
2. |
Т511 |
Политика за развој на туризмот |
Прв |
2 |
2 |
7 |
|
3. |
Т512 |
Менаџирање со квалитет во туристичката и хотелската индустрија |
Прв |
2 |
2 |
5 |
|
4. |
Изборен предмет од Табела 2. |
Прв |
2 |
1 |
5 |
|
|
5. |
Изборен предмет од Табела 2. |
Прв |
2 |
1 |
5 |
|
|
6. |
Магистерски труд |
Втор |
30 |
|||
|
Вкупно часови (предавања/вежби) и ЕКТС за година |
60 |
|||||
Табела 2
|
Ред. Бр. |
Код |
Назив на предметот |
Семестар |
Неделен фонд на часови |
ЕКТС |
Од која единица |
|
|
Предавања |
Вежби |
||||||
|
1. |
Т513 |
Туризмот и просторот |
Прв |
2 |
2 |
5 |
Економски факултет |
|
2. |
Т514 |
Маркетинг во туризмот и хотелската индустрија |
Прв |
2 |
2 |
5 |
Економски факултет |
|
3. |
МЧР515 |
Деловно лидерство |
Прв |
2 |
2 |
5 |
Факултет за менаџмент на човечки ресурси |
|
4. |
МЧР514 |
Современ менаџмент |
Прв |
2 |
2 |
5 |
Факултет за менаџмент на човечки ресурси |
|
Вкупно: |
10 |
||||||

