Почитувани,

Чест и задоволство ми е да Ве поздравам од името на Универзитетот за туризам и менаџмент и да Ви посакам добредојде на единствениот приватен факултет за туризам во Македонија. Сега, кога се соочувате со донесувањето на најважната животна одлука за избор на идната професија, Факултетот за туризам во рамките на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, ви нуди актрактивни и современи студиски програми од областа на туризмот. Туризмот е една од најперспективните стопански гранки во Република Македонија. Нашата мисија е со примена на современи методи и техники за едукација, да образуваме квалитетен кадар кој ќе биде способен со креативна работа да овозможи унапредување и промоција на туризмот надвор од границите на Република Македонија. Нашите студенти покрај теоријата, своите практични знаења и искуства ги стекнуваат во најелитните хотели и туристички агенции, како во земјава, така и во странство со посредство на меѓународна соработка и размена на студенти. Следејќи ги најновите светски трендови во високото образование и доследното спроведување на ЕКТС системот, успеавме да се етаблираме како водечки во едукативниот процес во туризмот и со тоа да обезбедиме сигурна иднина за нашите дипломирани студенти, како и за вкупниот развој на туристичката индустрија.

Со почит, Декан Проф. д-р Сашко Граматниковски

Визија на Факултетот за туризам

Визијата на Факултетот за туризам е да придонесе за вклучување на Република Македонија на светскиот пазар како и да прикаже нова, иновативна и различна стратегија за развој на домашната туристичка понуда. Особено внимание посветуваме на теоретска надоградба на високо квалификувани туристички кадри кои ќе придонесат за етабилирање на Република Македонија како една нова светска туристичка дестинација.

Мисија на Факултетот за туризам

Мисијата на Факултетот за Туризам на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје е да обезбеди академски успех и достигнувања на студентите на додипломско и постдипломско ниво во областа на туризмот и хотелскиот менаџмент. Факултетот за туризам перманенто одржува висок квалитет во образованието, преку постојано создавање најконкурентни услови за стекнување знаења, вештини и компентенции од областа на туризмот. На студентите им се овозможува квалитетна академска основа, со пристап до различни знаења и вештини, за да се подготват да бидат продуктивни, компетентни професионалци и одговорни граѓани во разновидната и динамична глобална пазарна околина. Факултетот перманентно промовира регионален економски развој, развој на лидерството, примена на принципите на глобалниот етички код во туризмот, како и развојот на долготрајни животни способности.

Цели на Факултетот за туризам

Создавање на компетенти кадри од областа на туризмот
Стекнување на вештини и компетенции за креирање независни истражувачи на знаења
Развивање сопствени вештини за доживотно учење
Развивање на свест за управување со сопствениот професионален живот
Тестирање на теоријата во практика преку спреведување активни практикуми со теренска настава
Учење преку доследна примена на ЕКТС системот во согласност со болоњскиот процес и работа под менторство
Продолжување на меѓународната соработка со етаблираните високо образовни институции од регионот и пошироко

Поврзете се со нас

Бул. Партизански одреди, бр. 99, Скопје, Македонија

  • dummy contact@utms.edu.mk

Фондација и стипендии

Галерија

© Copyright UTMS 2018.

Пребарај

Save
Cookies user preferences
We use cookies to ensure you to get the best experience on our website. If you decline the use of cookies, this website may not function as expected.
Accept all
Decline all
Analytics
Tools used to analyze the data to measure the effectiveness of a website and to understand how it works.
Google Analytics
Accept
Decline
Functional
Tools used to give you more features when navigating on the website, this can include social sharing.
Chat
Accept
Decline