На Факултетот за туризам при Универзитет Скопје, магистрантката Даниела Ристова, успешно го одбрани својот магистерски труд на тема:
„Перспективи на развој на ученичкиот едукативен туризам во функција на развој на детските одморалишта во Македонија“.
Трудот се фокусира на значењето и потенцијалите на ученичкиот едукативен туризам, како и на можностите за унапредување и повторно активирање на детските одморалишта во Македонија.
Со успешната одбрана, Даниела Ристова го заокружи својот магистерски студиски циклус, потврдувајќи ја својата посветеност кон науката, туризмот и развојот на нови перспективи во оваа значајна област.
Честитки за успешно завршените магистерски студии!
https://ft.utms.edu.mk/vesti/706-ushte-edna-uspeshna-odbrana-na-magisterski-trud-na-fakultetot-za-turizam#sigProId58c3635ec7

