Генералната секретарка на UN Tourism, Н.Е. Шеиха Ал Нуваис, на вториот ден од 126-та сесија на Извршниот совет на UN Tourism, ги претстави приоритетите за дејствување на оваа организација.
- Регулација, стандарди и присуство,
- Развој на нови понуди,
- Одржливост, инклузивност и прилагодливост,
- Економски развој преку поттикнување инвестиции и иновации,
- Инвестирање во луѓето.
Генералната секретарка нагласи дека е време за конкретни чекори за имплементација на овие приоритети.
Соопшти и дека во соработка со UN Tourism, Европската Унија усвоила нова стратегија за развој на туризмот.
Беше претставена и Академијата на UN Tourism, платформа за едукација преку WhatsApp, која моментално ја користат околу 16.000 луѓе глобално.
Делегацијата на Универзитет Скопје имаше исклучителна можност да се запознае и со другите престојни активности на Светската туристичка организација, да се запознае со новите идеи и проекти од сите делови на светот, како и да се сретне, не само со раководството на UN Tourism, туку и со претставници на многу држави и да стекне нови искуства, но и пријателства.
https://ft.utms.edu.mk/vesti/702-idninata-na-turizmot-od-idei-kon-realizacija#sigProIde49fae8bc1

