На настанот по повод Светски ден на турзмот кој се одбележува на 27.09.2018 во Будимпешта, Унгарија, Светската туристичка организација UNWTO ги обедини највлијателните имињата од светот од областа на туризмот, технологијата и регулативата.
На средбата доминираа теми поврзани со дигитализација, туризам и развој. Клучните поенти беа во насока дека иновативниот туризам подразбира пристап до инветиторски еко системи и развој на иновативни туристички услуги. За таа цел потребно е сите страни да работат заедно и синхронизирано кон истата цел – што претставува и основен предуслов за туризмот да остане конкурентна и динамична гранка во современиот свет. Од Македонија присуствуваа претставници од единствената членка од државата на UNWTO – Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје – проф. д-р Аце Миленковски, ректор и проф. д-р Сашко Граматниковски, декан на Факултетот за туризам.
https://ft.utms.edu.mk/vesti/678-wtd-2018#sigProId4e86026f4b