Најдобрите студенти од УТМС, Христијан Пешталески и Моника Кочовска од Факултетот за туризам, Александар Тофиловски од Економски факултет, Јелена Нинкикева од Факултет за менаџмент на човечки ресурси, благодарение на своите академски заслуги беа наградени од Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје во соработка со Qatar Airways Скопје и Hotel Marriott Doha со комплетно платени викенд аранжмани во Доха, Катар. Викенд патувањето се релизираше од 3-ти до 6-ти Ноември 2017 година.
Студентите, кои утрово слетаа во Скопје од Доха, под силни импресии од патувањето ја изразија својата огромна благодарност до УТМС за ова неочекувано наградување и споделија дел од своите незаборавни искуства кои како што велат, - ,, Ќе ги паметат цел живот”.
Тим од УТМС предводен од деканот на Факултетот за туризам, проф. д-р Граматниковски, срдечно ги пречека студентите од УТМС.
УТМС се залага за континурани развој на своите студенти како на академски така и на социо-културошки план, при тоа креирајќи кадри со високи академски и професионални перформанси.
https://ft.utms.edu.mk/vesti/486-nagradenite-studenti-od-utms-pominaa-nezaboraven-vikend-vo-doha-katar#sigProId750547c9a1