Студентите од Факултетот за туризам на 16.11.2017 година реализираа еднодневен наставно-научен практикум како апликативен дел од наставата по предметот „Алтернативни форми во туризмот“ на тема „Вински туризам“. Предводени од проф. д-р Мијалче Ѓоргиевски, студентите ја посетија винаријата „Шато Сопот“ (Chateau Sopot) која е ориентирана кон винскиот туризам. Во винаријата студентите имаа можност да се запознаат со современите технологии на производство на високо квалитетни вина, како и со маркетинг стратегијата и начинот на дистрибуција и продажба. Посетата на винаријата заврши со дегустација на позантите Каберне совињон Reserva и Каберне совињон Grand Reserva.
View the embedded image gallery online at:
https://ft.utms.edu.mk/vesti/483-studentite-od-fakultetot-za-turizam-na-nastavno-nauchen-praktikum-vo-vinarijata-shato-sopot#sigProId3b51befd39
https://ft.utms.edu.mk/vesti/483-studentite-od-fakultetot-za-turizam-na-nastavno-nauchen-praktikum-vo-vinarijata-shato-sopot#sigProId3b51befd39