Денеска на 27-ми септември, по повод Светскиот ден на туризмот, на традиционалната манифестација што Министерството за економија ја организира секоја година, УТМС доби признание за придонес во туризмот.
Над 50 признанија беа доделени на најуспешните поединци, здруженија и деловни субјекти од туристичкиот сектор, во повеќе различни категории.
Признанијата ги додели министерот за економија Крешник Бектеши, а истите беа резултат на предлози кои ги даваат туристичките работници преку своите деловни здруженија, и за прв пат годинава предлози за најуспешните во споменатите категории можеа да даваат и самите потрошувачи.
На манифестацијата која што се одржа во Клубот на пратеници, признанието за придонес во туризмот му беше доделено на проф. д-р Сашко Граматниковски, декан на Факултетот за туризам на УТМС.
Ова е уште едно во низата на признанија, кои УТМС во континуитет ги добива поради своето професионално делување и влијание врз развојот на туризмот во земјава и пошироко.
https://ft.utms.edu.mk/nagradi/677-utms-dobitnik-na-priznanie-za-pridones-vo-turizmot#sigProIddd1e2cb427