Датум: 11 декември 2024 година
Време: 16:00 – 18:00 часот
Локација: Универзитет Скопје
ПРИСУТНИ ЧЛЕНОВИ:
- М-р Владанка Давковска – претседател
- М-р Зоран Тодоровски – член
- М-р Аркан Керим – член
- М-р Александра Митрова – член
- Филип Арнаудов – член
- М-р Андреј Сирачевски – член
- М-р Ана Домазетовска – член
- М-р Ненад Костовски – член
- М-р Билјана Трендафилова – член
- Дејан Бошковски – член
- Ангел Иванов – член
- Киро Николовски – член
- Димче Смилевски – член
- Сашко Атанасов – член
- Стефан Керазовски – член
- М-р Лилјана Данилова – член
- Проф. д-р Сашко Граматниковски, УТМС
- Проф. д-р Дејан Наковски, УТМС
- Проф. д-р Мијалче Ѓоргиевски, УТМС
- М-р Марина Стојмирова, УТМС
- М-р Горан Апостоловски, УТМС
ДНЕВЕН РЕД:
- Усвојување на записникот од претходниот состанок
- Анализа на јавната перцепција за Факултетот
- Предлози за унапредување на транспарентноста и комуникацијата со јавноста
- Разгледување на недостатокот на квалитетен кадар со кој се соочува туристичката индустрија
- Разно
ИЗВЕШТАЈ ОД ДИСКУСИЈАТА И ЗАКЛУЧОЦИ
1. Усвојување на записникот од претходниот состанок
Записникот од претходниот состанок беше едногласно усвоен без забелешки од присутните членови.
2. Анализа на јавната перцепција
Членовите на Одборот дискутираа за присуството и имиџот на Факултетот за туризам при Универзитет Скопје во медиумите и пошироката јавност.
Претседателката, м-р Владанка Давковска, предложи спроведување на онлајн анкета за перцепцијата на студентите и заедницата.
Договорено е анкетата да се реализира во текот на пролетниот семестар.
3. Транспарентност и комуникација со јавноста
Членовите истакнаа потреба од редовна комуникација со јавноста преку официјалната веб-страница и социјалните медиуми (Facebook, Instagram).
Се предложи воведување на месечен информативен билтен со настани, проекти и успеси на студентите и факултетот.
Одобрена е иницијативата за именување координатор за односи со јавноста кој ќе ги следи комуникациските активности.
4. Разгледување на недостатокот на квалитетен кадар со кој се соочува туристичката индустрија
Членовите разговараа за сè поголемиот одлив на млади професионалци во странство и недостигот од обучени кадри на локално ниво.
Предложени се следни мерки:
Зајакнување на соработката со приватниот сектор преку практична настава, стажирања и заеднички програми.
Организирање трибини и форуми со туристички компании.
Креирање на советодавна група помеѓу факултетот и стопанствениците од туристичкиот сектир за следење на пазарот на труд.
5. Разно
- Предлог за создавање дигитална алумни платформа за вмрежување со дипломираните студенти.
- Се отвори прашањето за подобра медиумска застапеност преку партнерства со локални и национални медиуми.
- Се разгледа идејата за поставување на „кутија за предлози“ во холот на факултетот, со цел директна комуникација со студентите и собирање идеи.
ЗАКЛУЧОК
Состанокот се одржа во конструктивна и продуктивна атмосфера. Членовите дадоа значајни предлози и презедоа конкретни обврски со цел унапредување на јавната доверба, транспарентноста и промоцијата на Факултетот за туризам при Универзитет Скопје.

