Деканот на Факултетот за туризам на Универзитетот Скопје, проф. д-р. Сашко Граматниковски на воведните предавања и оваа академска 2024-25 година, на студентите им одржа предавање за значењето на примената на Глобалниот етички кодекс за туризам. Во своето обраќање Деканот ја истакна потребата од афирмирање и придржување кон принципите на Глобалниот етички кодекс кои се од фундаментално значење за оддржлив развој на туристичката индустрија, но и фактор кој ќе обезбеди подобрување на бизнис и општествената заедница.