Универзитетот за туризам и менаџмент-Скопје преку Центарот за кариера на студентите им овозможува реализација на клиничката настава во престижни компании и институции во Р. Македонија. Во тој контекст студентите Теодора Јанева и Андреј Настевски, апсолвенти на Факултетот за туризам, студентска пракса ја обавуваат во хотел „Парк” во Скопје. Под менторство на г-ѓа Стела Ш. Костовска тие беа запознаени со работните процеси во департманите во хотелот. Нивните работни позици се рецепциско работење, под менторство на Стела Ш. Костовска со ротирање во административниот сектор и секторот рестотранство, под менторсво на Саше Ристовски. Во текот на практичната работа студентите имаат можност апликативно да го креираат стекнатото теоретско знаење, да се стекнат со деловни вештини и компетенции кои ги позиционираат конкурентски на пазарот на трудот.