На 12.06.2024 година се одржа седница на Одборот за соработка и доверба со јавноста на Факултетот за туризам на Универзитетот Скопје во Скопје.
На седницата на Одборот, се дискутираше за актуелни теми кои се фокусирани на потребата од стратешки пристап во однос на Зелената транзиција која е во функција на заштита на еко системите кои се од витално значење за оддржлив развој на туристичката индустрија. Во тој контекст членовите на Одборот го потенцираа заедничкиот став во однос на доследно применување на Глобалниот етички кодекс во туристичката индустрија. Во таа насока дел од присутните истакнаа дека дипломинраните и магистрираните студенти на Факултетот за туризам кои се вработени во различни сектори во туристичката индустрија во целост ги применуваат принципите на Глобалниот етички кодекс со цел градење на корпоративна и општествена култура во која се инкорпорирани етичките принципи. Тие истакнаа дека тоа е императив на современата бизис заедница која е одговорна за креирање на социјална и економска благосостојба.